Сообраќајна незгода во населба Речани, повредена жена којашто од возилото ја извадиле пожарникари
Објавено: 22 јули, 2024, во 23:17 часот
Сообраќајната незгода се случила, вечерва, пред еден час пред Управна зграда на ЈП „Македонија пат“. Таму во директен судир се судриле автомобил и камион. Во 22:10 часот повик примила Служба за Итна помош на Здравствен дом Велес. Екипа составена од лекар и медицинска сестра излегле на терен
„Во судар на автомобил со камион повредена е жена родена 1946 година. Пациентката е затекната во автомобилот со болки во слабинскиот дел на кичмата и затворена повреда на главата. Беше побарана асистенција од Територијалната противпожарна единица Велес. По пристигнувањето на пожарникарите повредената пациентка беше извлечена од автомобилот. На лице место и беше укажана лекарска помош и по направена мобилизација со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општа болница Велес за понатамошно иследување,“ рече др Василка Поп Стефанова Панова началничка на Итна помош.
Убавка Јаневска

