Сообраќајот на улиците во Велес – центар на 13 јануари од 15 до 15:40 часот
Објавено на 13 јануари, 2025 во 16:08
Колони од возила на градскиот асфалт во ударниот термин кога граѓаните се враќаат од работа e причина за големиот број на нивни реакции. Дума.мк денеска ја сними и ја фотографираше состојбата во централниот дел на Велес каде сообраќајот го регулираат полициски службеници. Сепак мост „Гемиџии“ и улиците „8 Септември“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“ и „Алексо Демниевски Бауман“ се тесно грло од кое тешко се излегува.
Убавка Јаневска