Средношколска дебата: „Влијанието на социјалните мрежи над образованието“ (фото и видео)

Објавено на 27 мај, 2023 во 16:17

Ученици во средно образование кои се сместени во средношколските домови во Велес, Прилеп, Битола, Струмица и Кавадарци изнесоа свои ставови ,денеска, за влијанието на социјалните мрежи над образовниот процес. Тие беа едногласни дека мрежата ТикТок не треба да се употребува од страна на средношколците бидејќи негативно влијае врз нив. Им забележаа на некој родители за тоа што уште од мала возраст им дозволуваат на децата користење на мобилните телефони без да ги контролираат. Имаа што да кажат и за образовниот процес од кои целосно не се задоволни поради незаинтересераност на професорите да ги образуваат согласно наставните програми. Во видео материјалот погледнете ја дебатата на учениците кои се учесници на „29 Домијада“,која што се одржува во Средношколски дом „Лазар Лазаревски“ во Велес.

Дебатата на десетте претставници на средношколските домови во Македонија ја поттикна, преку презентацијата за „Влијанието на социјалните мрежи над образованието“, професорката Василка Ѓурчиновска.

Презентација пред почетокот имаше и средношколката Марија сместена во Средношколски дом „Лазар Лазаревски“ во Велес.

На крајот од дебатата средношколците беа пофалени од страна на професорките, нивни менторки, за крајно сериозниот пристап и дебатерските одлики.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.