Суат Шакири е новиот градоначалник на Чашка од ДУИ со мнозинство во Совет

На локалните избори во Општина Чашка беше направен пресврт без преседан – по првпат од постоењето на општината, градоначалничката функција ќе ја извршува припадник на албанската заедница. Суат Шакиров, кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), извојува убедлива победа во првиот круг, освојувајќи 50,71% од гласовите или 2.322 гласа, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија.
Актуелниот градоначалник Горан Стојановски од СДСМ доби поддршка од 24,24% од избирачите (1.110 гласа), додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, освои 23,45% (1.074 гласа). Со освоено апсолутно мнозинство, Шакиров обезбеди мандат во прв круг.
Листата со кандидатите за членови на Совет на Општина Чашка на ДУИ добија 2.244 гласа или 49,01%, , втора е кандидатската листа на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 30,49% (1.396 гласа) и трета на СДСМ со 16,71% (765 гласа).
Овој резултат на новиот градоначалник му гарантира стабилно мнозинство и во Советот и спроведување на програмата без потреба од коалициски партнерства.
Убавка Јаневска


