Изгоре свињарска фарма во Свети Николе
Објавено на 5 август, 2013 во 07:59
Изгоре свињарска фарма,синоќа, во близина на Свети Николе. Опожарен е објект од околу 450 метри квадратни во кој се чувале над 25 свињи и околу 6000 бали детелина. Според светиниколските пожарникари пожарот го пријавил граѓанин на Свети Николе кој го забележал чадот од фармата.
Противпожарната единица излегла и за помалку од три часа успеала да го локализира и целосно да го изгасне огнот. Дополнително ќе се утврдуваат причините и штетата на пожарот во кој изгоре и добиток.