Поповски: Силно невреме ќе ја зафати Македонија!
Објавено: 3 септември, 2025, во 08:29 часот
Денес, среда, 3 септември, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре, четврток, 4 септември, под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронталната долина со поладен воздух на висина, и истата се спушта од северозапад преку Алпскиот регион до нашиот дел од Европа, ќе услови во поголем дел од Македонија да имаме променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со краткотраен обилен пороен дожд, со над 20 литри на метар квадратен, со силен ветер со брзина од над 60 км/час, електрични празнења и со локална појава на град. Токму поради ова апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, во случај на појава на невреме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека утре ќе бидат пониски за неколку степени и ќе се икачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 33 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


