Светиниколските пожарникари интервенирале во сообраќајна незгода, извлекле тројца повредени
Објавено на 18 јуни, 2025 во 10:04

Пожарникарите од Свети Николе вчера напладне интервенирале на сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Куманово – Свети Николе. Несреќата била пријавена во 12:08 часот, а екипата веднаш реагирала со едно противпожарно возило.
За среќа, во несреќата нема жртви, но тројца патници биле повредени. Пожарникарите успеале навремено да ги извлечат од возилото и да ги предадат на екипата на Итна медицинска помош.
Од Противпожарната единица Свети Николе апелираат до сите возачи да ја прилагодат брзината на движење и строго да ја почитуваат поставената патна сигнализација, со цел да се избегнат вакви инциденти.
Дума.мк
