СВР Велес со превентивни активности за побезбеден сообраќај
Полициски скужбеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од ПС за БПС Велес, вчера, на улица „Благој Ѓорев“ реализирале превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон-биди одговорен возач“.
Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на магистралниот пат А1, Градско – Прилеп била реализирана превентивна активност под мотото – „Стави појас“, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
-Во рамките на овие активности покрај укажаувањата на возачите им беа поделени и едукативни материјали со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Дума.мк