Тепачка пред продажен објект во Велес
Објавено на 11 јануари, 2022 во 10:54

Фото: Google maps
Дваесет и осум годишниот Д.Ц од Велес по претходно недоразбирање бил физички нападнат од четири години постариот Р.Н на паркинг пред продажен објект на улица „Андон Шурков“ во Велес. Тепачката се случила вчера, 10 јанури, околу 09:00 часот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
