Тешко повреден пешак во Велес
Објавено на 12 мај, 2021 во 13:45
Повредена е 55 годишна велешанка О.Г , вчера, околу 10:40часот, во сообраќајна незгода на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес.
Жената била повредена од патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66 годишниот Б.П. Веднаш била пренесена во велешката болница.
-Вчера од страна на Итна медицинска помош донесена е повредена пациентка во Општа болница Велес. Кај неа се направени сите соодветни испитувања при што констатирани се тешки телесни повреди, нагмечување на глава и скршеница на едно ребро. Пациентката е упатена на домашно лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На местото на незгодата бил извршен увид од страна на увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева