Тешко повреден возач во сообраќајка во Неготино
Објавено на 8 јуни, 2023 во 12:41

Во сообраќајна несреќата што вчера околу 14: 00 часот се случила на крстосницата на улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино со тешки телесни повреди се здобил Л.П. (26) од Неготино. Тешко повредениот возач е пренесен до Општа болница Кавадарци каде му е укажана лекарска помош.
Тој го управувал товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки кое се судрило со патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци.
Увид на местото на сообраќајната несреќа извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
Стефани Манева
