Тешко повредено лице во сообраќајна незгода препратено во Скопје
Објавено на 23 август, 2021 во 11:59
На оддечот за хирургија во велешката болница, во текот на вчерашниот ден, донесено е лице на дваесет и седум годишна возраст, повредено во сообраќајна незгода.
-Лицето е донесено во тешка состојба со тешки повреди на главата и е препратен во Клинички центар Скопје, соопшти Д-р Елеонора Јованова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Очекуваме подетални информации од надлежните институции.
Стефани Манева