Треил трка за вино и љубов во Неготинско по повод СВ. Трифун

Објавено на 1 февруари, 2023 во 10:17

Во месец февруари, во Неготинско ќе биде организирана Треил трка за вино и љубов.

– На 18 февруари организираме интересна треил трка. Во месецот на љубовта и виното да се сакаме најмногу себеси. Во живописната природа на неготинскиот крај, каде природата раскошно ги распослала своите дарови, да ја заситиме својата желба за трчање и уживање, нагласуваат организаторите на еднодневниот настан.

Активностите се во чест на верскиот праник Свети Трифун, којшто се смета за заштитник на лозарите и винарите. Ќе се наздрави со вино, но и мезе за душа од локалните специјалитети.

Организатор на настанот е ДЕКОНУС ДООЕЛ Скопје, со поддршка од неготинскиот планинарски спортски клуб „Free hikers” и Локалната самоуправа Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.