Триесет и еден жител на населба Чашка даруваа крв на акција по повод денот на општината

Објавено на 23 август, 2024 во 15:44

„Успешна е крводарителска акција во Чашка,“  соопшти денеска на Фејзбук, велешката организација на Црвен Крст. Триесет и еден крводарители даруваа исто толку крвни единици. Од нив за првпат крв дарувал еден жител на населбата и станал дел од најхуманото семејство во државата.

„Крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на РСМ, Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, а помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“, соопшти велешки Црвен Крст на ФБ .

Крводарителската акција била организирана по повод 21-ви Август, Ден на општина Чашка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.