Триесет и пет годишен велешанец ја натепал осум години помладата сопруга, завршил во Полициска станица

Објавено на 15 октомври, 2024 во 14:21
Фото: Илустрација

Рано утринава, во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ш.(35) од Велес затоа што физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

Поради ќотекот Ј.Ш. бил задржан во полициска станица. Полициските службеници за семејното насилство врз неговата сопруга го известиле Јавниот обвинител.

-По документирање на настанот против Ј.Ш ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.