Ученици од Горно Оризари учествуваа на едукативна работилница „Безбеден сообраќај, велосипедисти, безбедни пешаци”
Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари, денеска беа дел од едукативна работилница на тема „Безбеден сообраќај, велосипедисти, безбедни пешаци”, преку која тие се запознаваа со правилата на однесување во сообраќајот. За време на работилницата претставници од МВР – СВР Велес заедно со учениците разговараа на темата и разменија мислења. Тие, исто така, споделија и лични искуства но и коментираа како да се подобруваат сообраќајните решенија во градот и околината.
Исто така, преставници од ЗГ „Велес бајкинг” со велосипеди пристигнаа од Велес до Горно Оризари и заедно со учениците ги монтираа донираните велосипеди од општествено одговорните компании. Велосипедите ќе останат во сопственост на користење на училиштето.
Работилницата е организирана во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023.
Стефани Манева