TELOLET Ученици од Велес, ЗГ „Попи“ и Јуроп хаус го одбележаа светскиот ден на лицата со аутизам - ДУМА.мк

Ученици од Велес, ЗГ „Попи“ и Јуроп хаус го одбележаа светскиот ден на лицата со аутизам

Објавено на 3 април, 2025 во 11:28

Учениците од осмо одделение од општинските основни училишта „Панко Брашнаров“ и Васил Главинов“ како и родители, вчера, беа дел од работилница одржана по повод светскиот ден на лицата со аутизам. За време на работилницата учениците се запознаваа со карактеристиките на лицата со аутизам, како и со стратегиите кои може да им помогнат да ги прифатат и разберат овие соученици.

Младите велешани изработија и сложувалка којашто е симбол на овој ден, како активност насочена кон поголема инклузија и разбирање.

Оваа работилница беше организирана од страна на Јуроп Хаус Велес заедно со ЗГ „Попи“.

Како дополнителна активност, Јуроп хаус Велес вчеравечер беше целосно осветлена во сина боја којашто исто така е симбол на Светскиот ден на лицата со аутизам.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.