Ученици од велешкото основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ дел од обука за прва помош
Деветто одделенците од основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, вчера, беа дел од обука за стекнување на основни познавања за прва помош спроведена од Црвен Крст Велес. Учениците за време на обуката учеле за постапки коишто треба да ги применат во случај на повреди, рани, скршеници, крварење, состојба на безсознание и слично.
Како што соопштија од велешкиот Црвен крст оваа обука е наменета за ученици на возраст од 12 до 18 години и се спроведува низ повеќе училишта во градот. Обучувач бил д-р Владо Хаџи Наумов, којшто е волонтер со над 40 годишно искуство во прва помош а истовремено е и дел од велешкиот Црвен Крст.
Инаку, во наредните денови и учениците од осмо одделение ќе имаат можност да бидат дел од оваа обука и да ги научат основите за прва помош.
Стефани Манева