Уште еден ковид пациент од велешка болница транспортиран на скопска клиника и денеска 32 новозаболени
Уште една пациентка на возраст од 66 години од Ковид болницата во Велес денеска е транспортирана на Инфектива клиника во Скопје.
Во велешката болница денеска се хоспитализирани вкупно 59 пациенти од кои 47 се позитивни на Ковид 19, четворица се сомнителни а ооум пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување.
Триесет пациенти се на кислородна поддршка.
На инфективното одделение се лекуваат 28 пациенти, во модуларната болница се сместени 23 пациенти додека на интерното одделение терапија за Ковид примаат осум пациенти.
Од велешката болница денеска се испишани шест пациенти со по еден негативен тест.
Според информациите на Институтот за јавно здравје што ги објави Министерството за здравство, денеска во Велес се регистрирани 32 нови случаи на ковид болни додека на оздравени 10. Во моментов на територијата на општината има 294 активни случаи како и 6619 заболени од Ковид 19 од почетокот на пандемијата.
Спореед бројот на активни случаи Велес е на трето место во државата после Скопје и Куманово.