Успешна крводарителска акција во СВР Велес
Објавено на 8 февруари, 2024 во 09:29
Дваесет и девет вработени во Сектор за внатрешни работи Велес земале учество и ја докажаа својата хнуманост на вчерашната крводарителска акција којашто се одржа во просториите на институцијата.
Од велешки Црвен Крст соопштија ова е втор најголем број на дарувани крвни единици во СВР Велес во изминатите пет години.
-Крводарителската акција во СВР Велес помина во најдобар ред. Двајца од припадниците на полицијата за прв пат даруваа крв и станаа дел од најхуманото семејство во државата. На акцијата волонтерски беа ангажирани две лица од Клубот на млади., додаваат од Црвен крст Велес.
Оваа акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Стефани Манева