Успешна првата крводарителска акција во Велес за 2024 година
Објавено: 15 јануари, 2024, во 10:31 часот
Четириесет и четири крвни единици беа собрани на првата крводарителска акција којашто велешки Црвен крст ја спроведе во 2024 година. Во просториите на театарот, во неделата, велешани повторно ја покажаа својата хумана страна, подадоа рака и донираа крв со цел да спасат човечки живот.
Од Црвен крст – Општинска организација Велес оваа акција ја категоризираат како успешна. Оттаму додадоа дека во реализацијата учествуваа четворица волонтери од Клубот на млади.

Инаку, покрај велешки Црвен крст во реализацијата на првата крводарителска акција за 2024 година учествуваа и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Стефани Манева


