Вечерва две нови премиери во велешкото кино, за сите посетители гратис коктели
„Клуб на задоволни жени: Следно поглавје“ и „Предизвик“ се двете нови премиери коишто вечерва ќе бидат прикажни во „Киноверзум“ во Велес.
Со почеток во 18:00 часот, велешани ќе имаат можност да го гледаат филмот „Клуб на задоволни жени: Следно поглавје“ кој е американска романтична комедија и го следи новото патување на четири најдобри пријателки додека го носат својот клуб за книги во Италија, на забавното патување за девојки што никогаш не го имале.
Потоа, во 20:00 часот, ќе можат да го гледаат и „Предизвик“ којшто е руска драма „Предизвик“ со српската ѕвезда Милош Биковиќ. Всушност, космонаутот Иванов ја губи свеста додека леталото е во лет. Лекарите одлучуваат дека ќе биде неопходно да се изврши операција на срцето токму во нулта гравитација. Кардиохирургот Жења Бељаева, која нема време да ја одгледа својата тригодишна ќерка, се подготвува за летот.Ова е прв филм снимен во вселената.
За сите посетители во велешкото кино, денеска, ќе има бесплатни коктели за добредојде но ќе има и чоколадна фонтана од којашто сите ќе можам да се послужат.
Во продолжение програма за следните денови:
Стефани Манева