Тројца велешки доктори меѓу првите сто најуспешни во фавруари!
Ниту еден од тројцата не е на листата Топ 10 која ја изработи Министерството за здравство.
Докторите Влатко Вишинов од хирургија, Гордана Стојанова-Чајлева , анестезија и реанимација и Владиславка Христова од интерното одделение се тројцата доктори од велешката болница кои влегова на листата на најдобро рангирани ТОП 100 доктори во јавните здравствени установи.
Се работи за најдобро рангираните доктори за месец февруари, од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во земјава, кои со резултатите во работењето се покажале како успешни професионалци,
Тојцата доктори од велешката болница со ова стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, и добиваат парична награда од 30.000 денари и со ова смеат да работат дополнителна дејност во матичната институција или во останатите јавни здравствени установи.
Инаку изборот го врши министерството по критериуми, како што се остварениот учинок во месец февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки. Сепак ниту еден од велешаните не се најде меѓу првите десет, а до сега таму се впиша само името на урологот Горан Јовиќ./Б.Н.