Само неколку приколки тргнати од брегот на Младост!
Дел од камп приколките се дислоцирани, по поголемиот дел од сопствениците се трага.
Општинскиот комунален инспектор Ирена Левкова денеска на терен ја утврди оваа ситуација. Вели само неколкумина од сопствениците ја реализирале оптинската одлука за дислокација на приколките кои се наоѓаат на брегот на само неколку чекори од водата на Езерото Младост.
„Само неколку капмп приколки се отстранети, но поголемиот дел стојат на истото место. Со дел од сопствениците е стапено во контакт и им е укажано на одлуката дека мора да си ги дислоцираат објектите. На дел со кои што не сме контактирале ќе им испратиме барања на нивните адреси по што ќе постапуваме според законот за јавна чистота“, рече Ирена Левкова, комунален инспектор.
Инаку во пресрет на првомајските и велигденските празници кога е најпосетуван овој туристички локалитет општинските власти ги излепија камп-приколките со барање до нивните сопственици да ги отстранат од брегот. Иако рокот истече во саботата најголемиот дел од нив не го сториле тоа. Узурпирањето на крајбрежниот простор стана пракса на камперите на велешко езеро кои најчесто самостојно си одбележуваат простор кој ќе си го одберат за да си ги постават приколките и таму поминуваат вистински годишен одмор./Б.Н.