Излетале од мостот, над градски базен и останале неповредени!
Тројцата патници во возилото марка „Cитроен“ Ц3 се живи, двајца имаат само полесни телесни повреди, на автомобилот му е уништена предницата а откинато е парче од железната ограда на мостот.
Ова е билансот на сообраќајната несреќа што ноќеска, во 3.30 часот, се случила на излезот од Велес кога Ситроенот излетал од мостот и паднал во дворот на управната зграда на Македонски железници.
Полицијата направила увид од кои се очекува да ги открие причините за сообраќајката.
Во неа без повреди поминал 23 годишниот возач Б.С додека полесно се повредени сопатничките 22 годишните Ј.Ј и И.С.
Првичните информации од полицијата се дека возилото излегло од задната страна на централниот градски парк, од кај управната зграда на јавното комунално претпријатие Дервен и завртело во правец кон градот.
Несреќата е чудна за сите кои рано утрово поминаа покрај неа. Коментираа како е можно да биде откинат дел од железна ограда без поголеми оштетувања на возило и повреди на патниците во него./Б.Н