ФОТО:Велигден ги собра верниците во двете цркви во Велес!

Објавено на 5 мај, 2013 во 11:04

Стотици велешани, синоќа, дојдоа во двете цркви Свети Спас и Свети Пантелејмон каде се одржаа полноќни богослужби по повод христијанскиот празник Воскресение Христово -Велигден.

Дворот и соборниот храм Свети Великомаченик Пантелејмон беше претесен за да може да ги прими верниците.

На Централната богослужба со која чиноначалствуваше Mитрополитот Повардарски Агатангел присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев како и пратениците во македонското собрание Ѓорги Коџобашиев и Илија Димовски.

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

За многу години Велигден.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.