Втор дел на полициската акција „Диригент“!
Објавено на 8 мај, 2013 во 12:43
Одделението за сузбивање на организиран криминал денеска уапси шест членови на наркомафијата позната како Франкфурт мафија под сомнение за перење на пари.
Уапсените се од Скопје, Велес и Штип.
Нив МВР подолго време ги следело. Информациите ги потврди Иво Котевски.
Акцијата продолжува како втор дел на полициската операција Диригент започната пред три години со цел разбивање на нарко мафијата и сузбивање на организиран криминал. /Б.Н
