Уапсените од франкфурт мафија продавале дрога во Виена и Франкфурт, парите ги переле преку меѓународен трансфер!
Полицијата има 13 осомничени за перење пари од продажба на дрога од кои 10 се велешани, двајца штипјани и еден скопјанец.
Сите заедно испрале 41 илјада евра соопшти македонската полицијата. Во заедничка акција со германската и австриската полиција успеа да дојде до организирана група во која секој имал задолжение. Седуммина кои биле во Виена и Франкфурт по улиците продавале хероин се уапсени таму, додека останатите се тука и дел од нив ги праќале парите од незаконската продажба на хероин кои биле испраѓани по меѓународен банкарски трансфер. Но, за да останат незабележани парите ги разделувале на помали суми и на тој начин ги избегнувале институциите кои се занимаваат со проверка на големите трансфери и сомнителни пари. Групата која се сомничи за перење пари ова го повторувала во текот на минатата и почетокот на оваа година. Полицијата веќе поднесе кривични пријави за перење пари против К.Г. (27), Б.Х.Ј. (33) год, Р.С. (22), К.С. (20), С.М. (29), З.М. (39) Џ.Н. (21), А.Л. (25), И.А. (25), Љ.Р (25) од Велес, како и А.В. (28) од Скопје , И.Г. (40) и И.М. (23) од Штип , на дел од осомничените истражен судија им одреди 30 дневен притвор, а од МВР најавуваат дека сеуште се работи на расчистување на случајот и очекуваат дека ќе дојдат до други инволвирани во него./Б.Н.