ФОТО: Вардар се излеа од коритото кај Мало Мовче!
Објавено на 10 мај, 2013 во 19:20
Од рано утринава постепено се зголемуваше водостојот на реката и во попладневните часови се излеа во централното градско подрачје. Поплавен е долниот дел на кејот а од спротивната страна делот околу столбовите на Мало мовче. Вардар им се доближи и на куќите на потегот од мост Гемиџии до Стар мост но засега нема опасност од поплави велат граѓаните кои живеат во нив./Б.Н