Полицаец со секс уценувал велешанка!
Објавено на 17 мај, 2013 во 11:26
Триесет и шест годишен полицаец дошол до компромитирачки фотографии на сограѓанка и почнал да ја уценува дека ќе ги објави на интернет ако таа не сака да има секс со него. Фотографиите биле украдени од домот на жената. Неа полицаецот и се заканувал со пораки преку Фејзбук.
Велешанката пред два месеца прифатила и имала сексуални односи по што добила дел од фотографиите. Но кога на почетокот од овој месец полицаецот повторно ја побарал таа случајот го пријавила во полиција.
Изнудувачот моментално е во притвор. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава за кривично дело силување за кое ќе мора да одговара на суд.
Полицаецот кој работел во полициска станица во Скопје и велешанката биле семејни луѓе./ Б.Н
