Вештите жени во хуманитарна мисија!
На калдрмата во дворот на манастирот Свети Димитрија ги поставија масите за да ги изложат и продадат најпознатите домашни слатки и производи од тесто, над 2.000 жени од Македонија. Производите се продаваат а приходот е наменет за црковно народната кујна во Велес. Активисти на здружението „Борка“ продаваа белегзии за да и помогнат на својата пријателка Маја Керова Бабунска.
Зелници, колпидиња,мјазници, погачи, кифли како и торти, суви колачи и парени благца донесоа вредните жени од 20 градови во државата за да учествуваат на тррадиционалната манифестација „Вешта етно “.
Производите се продаваа а приходот од продажбата ќе биде дониран на црковно народната кујна на Повардарската епархија во велес во која секојдневно се хранат 100 најсиромашни велешани.
„Одзивот е голем, им благодарам на сите жени кои дојдоа од Охрид до Куманово, од Тетово до Струмица, од цела повардарска Македонија за да ја покажат својата хуманост и во исто време да се дружат. Тие ги подготвија традиционалните специјалитети од градот или регионот во кој живеат со цел да ги продадат и да им помогнат на граѓаните на кои навистина им треба помош. Очекувам да се соберат помеѓу 90 и 120 илјади денари и да се донираат во црковно народната кујна. Годинава домаќин е Велес а в година ќе биде Битола и таму ќе помогнеме некому,“ рече Снежана Стојанова од здружението „Вешта етно жена“ од Тетово.
На манифестацијата беше присутно и здружението „Борка“ чии активистки продаваа белегзии а собраните сретства ќе се уплатат за потребното лекување на велешанката Маја Керова Бабунска.
Инаку точната сума на пари, од продадените производи на манифестацијата, ќе биде соопштена попладнево откако секој штанд ќе пријави се што продаде.
Потоа сите жени ќе имаат заеднички ручек на кој ќе бидат послужени со специјалитетот македонско гравче.
Попладне ќе го разгледаат Велес и ќе си заминат дома./Б.Н
