Отворена продавница за медицински ортопедски помагала
Велешани ќе можат во својот град да се снабдат со потребните ортопедски помагала на познатиот германски производител Бауер феинд. Наместо да патуваат во Скопје сега потребните од инвалидски колички, штаки, помагала за одење, појаси, стегачи, ортози и стабилизатори за рачни и зглобови на нозе како и еластични компресивни чорапи и други видови на помагала можат да ги набават во продавницата на Беламед. Таа е отворена со цел да се подобри снабдувањето со ортопедски помагала во градот.
– Бауер феинд е познат германски производител на медицински, ортопедски помагала со преставништво во Скопје. Од денеска производите се продаваат и во Велес. Наскоро ќе го прошириме асортиманот на производи се со цел граѓаните на кои им е потребен производ од оваа фирма да можат да го купат во градот, рече Весна Кочова.
Продавницата се наоѓа во центарот на градот спроти Ликовен салон./Б.Н