Викендов пожари во велешко

Објавено: 21 јули, 2013, во 12:48 часот

Гореше денеска сува трева кај селото Горно Оризари. Пожарот избувнал околу 13 часот и 25 минути на нива во близина на патот кон Чашка. Брзата интервенција на пожарникарите спречиле огнот да се прошири на поголема површина од првично зафатените 4 декари. Пожарникарите за 25 минути го ставиле под контрола и го изгаснале овој пожар.

Голем пожар вчера пеплосал 40 хектари пченица во атарот на велешко Ново село. Изгореле и 5 хектари сува трева, диви круши и трње. Огнот се појавил околу 14.30 часот покрај магистралниот пат Велес -Штип и поради силниот ветер брзо се проширил. Таму интервенирале 6 пожарникари со едно противпожарно возило. Интервенцијата траела два ипол часа. Првичната проценка за штетата изнесува околу 2 милиони денари. СВР Велес дополнително ќе ја утврдува причината за пожарот./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.