Киоскот кај „Жани“ ќе се дислоцира

Објавено: 23 јули, 2013, во 09:44 часот

Градежниот инспектор донесе решение за дислокација на дивопоставениот киос. Документот денеска го добиле жителите на зградата на ул Благој Ѓорев бр 87. Во него пишува дека сопственикот на дивопоставениот киоск треба да го дислоцира во рок од три дена.

– Градежниот инспектор решението го донел на 15 јули, годинава значи неколку дена по нашето прво барање или три дена пред ние да го поднесеме второто барање за дислокација на киоскот кој ни пречи. Сега според образложението во ова решение сопственикот е задолжен во рок од три дена да го тргне времениот објект од бетонската подлога што ја изгради и ни го уништи зеленилото покрај зградата, рекоа граѓаните.

Според решението на градежниот инспектор дислокацијата на спорниот објект треба да се случи три дена по доставувањето на решението. Рокот ќе истече во петок на 26 јули. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.