Ограбени седуммина илегалци од Африка кај велешко Мамутчево
Објавено на 24 јули, 2013 во 10:44
На патот од селото Мамутчево до Иванковци завчера вечер биле ограбени седуммина африканци.
Настанот се случил во 19 часот и 30 минути кога зелено возило застанало до нив и од него излегле четворица крадци.
Еден од нив побарал да му ги дадат парите и во исто време извадил нож кој му го притиснал на вратот на Ч.Ј. кој бил од Сиера Леоне.
По ова успеале да изнудат од африканците 1 100 евра, а пред да избегаат во непознат правец ги натерале да легнат на земја.
Според полициското соопштение СВР Велес работи на откривање на крадците./Б.Н.