Дефект на водоводната линија е причина што нема вода во новиот дел на градот
Пукна водоводна цевка на улицата „Благој Ѓорев“ над касарната. Без вода се граѓаните од Нова населба, поточно од делот на градинката до социјалните згради како и жителите на населбата Превалец и селото Горно Оризари.
Дефектот се појавил денеска претпладне кога голема количина на вода се слеа по главната сообраќајница во градот. Водата течеше од горниот дел на касарната до трговскиот центар во Нова населба. Екипи на јавното комунално претпријатие пред пет часа беа на местото на дефектот. Тие ја запрале водата за да работат на отстранување на дефектот.
– Станува збор за голем и сериозен дефект. Нашите работници работат и ќе останат на местото се додека не го отстранат дефектот, рече портпаролот на ЈКП „Дервен“, Тодорка Андреева.
Засега не може да се предвиди до кога ќе заврши поправката на цефководот во Нова населба./Б.Н