Успех за велешанката Марија Хаџи Ристова, го освои Монт Блан!
Објавено на 1 август, 2013 во 16:05
Македонската експедиција од петмина планинари меѓу кои и велешанката Марија Хаџи Ристова, се искачи на највисокиот врв на Алпите, Монт Блан.
Искачувањето се случило вчера, но повеќе детали за тоа како се поминало, Марија вети дека ќе ни раскаже кога ќе се врати во родниот Велес, само рече дека целото патување е вистинско доживување и огромно искуство за неа.
Сите петмина планинари Александар Кирковски, Дамир Смајлович, Јордан Топковски, Ане Тошевска и Хаџи Ристова се веќе симнати во првиот базен камп и се чувствуваат добро.
Инаку Марија е првата девојка од Велес која го освојува највисокиот врв на Алпите. Тој е висок 4 810 метри, надморска височина на која после нејзиното патување и вчерашниот успех ќе се вее знамето на Велес./Б.Н.