„Ѓраѓански приоритети“ на Фондација Фокус кандидат за светска награда
Веб апликацијата www.prioriteti.focus.org.mk на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ како национален победник во категоријата е-инклузивност и оспособување е номинирана за наградата на Светскиот самит на Обединети нации во Шри Ланка.
„Ѓраѓански приоритети“ веќе ја поминаа првата селекција на меѓународниот натпревар, каде од 400 апликациции од 100 земји членки на Обединетите нации, влезе во финалната фаза од натпреварувањето. Апликацијата е избрана во најуспешните 160 содржини во сите осум категории, во кој за престижната светска награда ќе се натпреварува со 20 дигитални содржини во својата категорија.
– За нас претставува голем успех да се најдеме во конкуренција со најуспешните електронски содржини од целиот свет и да влеземе во најтесен избор за оваа светска награда. Ова е потврда дека и во Македонија има квалитетни дигитални содржини кои имаат значителна вредност во животот на луѓето и кои може да се применуваат и во други делови на светот – рече извршна директорка на Фондација „Фокус“, Весна Шкортова.
Селекцијата на избраните дигитални содржини кои влегоа во финален избор ја вршеше меѓународно жири составено од експерти во областа на информациско-комуникациските технологии.
Изборот на 40-те содржини колку што вкупно ќе бидат наградени ,по пет во секоја од осумтте категории, ќе се одржи од 29-31 август во Талин, Естонија.
Фондацијата Фокус веб апликацијата www.prioriteti.fokus.org.mk ја изработи со поддршка на УНДП а финансиски помогната од Кралството Норвешка./Б.Н