Чадиев: Празникот да донесе чисти мисли, ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела
Објавено на 8 август, 2013 во 10:24
По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Чадиев упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед.
– Од мое име и од името на Советот на Општина Велес на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање Рамазан Бајрам. Нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во вашите семејства, кон вашите соседи, пријатели и сограѓани, рече Чадиев.
Честитката следи откако тој присуствуваше на Бајрамската молитва во Фазли Ахмет Паша Џамијата во Велес./Б.Н