Нема заинтересирани инвеститори за изградба на згради во дворот на касарната
Продажба на оглас или изградба на социјални станови, пониска цена за метар квадратен или парцелите да ги добие јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Сега пред овие дилеми се наоѓа локалната власт откако пропадна првата јавна продажба за двете парцели на кои е планирана изградба на колективни стамбени објекти во градот. Локациите се наоѓаат во дворот на касарната во Велес, во горниот дел, во близина на месноста викана Багремче.
– Ќе видиме дали можеме да ја измениме методологијата за пресметка на цените. Ние веќе имаме готови маркички па можеме да ги понудиме зградите да ги гради Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и делоен простор ,така да имаме повеќе варијанти во оптек треба да видиме за која ќе се одлучиме, рече градоначалникот Чадиев.
Двете парцели, првата од 6 а втората од 3 илјади метри квадратни , се продаваа на електронска аукција. За нив општината понуди почетна цена од 1.680 денари за квадрат. На лицитацијата немаше заинтересирани фирми.
Освен овие две парцели во градот засега неизвесна е продажбата и на земјиштето на брегот на велешко езеро на кое треба да се градат хотели и мотели. Таму се чека на одлуката на индиски инвеститор заинтересиран за изградба на студенски кампус. Прво тој треба да одлучи каде ќе го гради зад хотелите, кое првично ги пикираше, или пред браната на Младост. Над патот во близина на езерскиот брег е планирана изградба на три хотели, пет мотели и еден автокамп. Цената која првично беше понудена изнесуваше 283 денари за метар квадратен./Б.Н