Тешка сообраќајка на улица Алексо Демниевски, тешко повреден е атлетичар
Објавено на 23 август, 2013 во 18:41
Моторциклист го удри З.Т на пешачкиот премин над градскиот стадион вечерва околу 18 часот и 45 минути. Од силниот удар пешакот летнал во воздух. На З.Т му биле скршени двете нозе но е надвор од животна опасност. Од ударот не се спасил ниту моторциклистот кој педесеттина метри погоре на улицата, во правец кон бензиската пумпа, паднал на асфалтот.
Ова се првични информации од очевидци на несреќата. Тешко повредениот атлетичар и полесно повредениот моторциклист се пренесени во велешката болница. Укажана им е лекарска помош и З.Т поради сериозноста на здобиените повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. На местото на несреќата, четврта ова лето на улицата Алексо Демниевски, увид врши полициска екипа.