Ќе се реконструира трошната зграда на физикалното одделение
Стигна на ред за реконструкција старата и трошна зграда на физикалното одделение во велешката болница. Ке се реновира само катот од неа бидејки долу во приземјето е сместено одделението за трансфузиологија. Министерството за здравство изработи проект за реконструкција и тој чини 140 илјади евра. Постапката е почната избираме изведувач кој ќе мора за 3 месеци да ги заврши градежните работи, вели заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Тој најави купување и на медицинска опрема за потребите на одделението.
– Ке го доопремиме одделението и со опрема. Досега, за останатите одделенија, во велешката болница набавивме опрема која чини 1 милион евра. В година ќе направиме поголем градежен зафат и ќе набавуме подобра, пософистицирана медицинска опрема за оваа болница, рече Андовски.
Неколку медицински апарати му требаат на физикалното одделение за подигнување на квалитетот на здравствени услуги. Според директорот на болницата д-р Атанас Василев со министерството веќе е договорена набавката на првиот.
– Станува збор за апарат кои истовремено работи со шест струи и истовремено ќе овозможи терапија да добиваат шест лица, рече Василев
По оваа реконструкција, на физикалното одделение, на болницата и останува да ја смени дограмата во инфективното одделение. Министерството планира вгодина да издвои сретства за реконструкција на одделението за трасфузиологија врз кое надлежност има Институтот за трасфузиологија.
Со завршувањето на овие градежни зафати, опремувањето на интерното одделение со нови медицински апарати и давање на услуги во медицински кабинети, велешката болница ќе си го врати реномето на регионален центар кои некогаш го имаше, вели д-р Василев.