(ФОТО) Полицијата и родителите,синоќа, контролираа малолетници во Велес но не ги најдоа во кафетерија со цигара и алкохол
Сок и милкшејк пиеја синоќа единствените малолетни лица кои мешаната полициска контрола ги затекна во кафетерија.
– Ова е наше постојано место за вечерно излегување. Тука остануваме најдоцна до полноќ затоа што морам да бидам дома во наредните триесет минути. Кога ќе стигнам и се јавам на родителите можам да останам и подоцна но само во близина на куќата, рече една од девојките.
– Ако родителите знаат кај сум ми дозволуваат да излезам до еден или два после полноќ. Тогаш морам да се јавувам на телефонот бидејќи ми звонат постојано, рече друга девојка.
Овие девојки и останатите од друштвото кое седеше во кафетеријата имаа по седумнаесет години.
Контролорите од патролата го прашаа сопственикот на кафетеријата колку често точи алкохол на малолетни посетители и дали тие се задржуваат по полноќ.
– Не доаѓаат во кафетерија малолетниците. Ако тоа се случи вообичаено пијат сок. И јас сум родител на малолетник па обрнувам внимание на она што се случува на масите на кои седат, рече угостителот.
На триесеттина минути пред полноќ на улиците во градот имаше далеку поголем број на деца на возраст од единаесет до петнаесет години. Тие се шетаа или седеа на клупите. Единствени кои можеби сторија прекршок беа децата од групата кои на среде споредна улица се шегуваа еден со друг.
Најголем број беа во забавниот парк Дизни. Во Младинскиот парк синоќа немаше никој. На маршутата на мешаната патрола не беше градскиот парк во кој ноќе исто така се собираат млади луѓе.
Синоќешната слика не соодветствува на реалната состојба во градот. Тоа им беше јасно на родителите и на полицијата која е иницијатор на проектот за мешани полициски контроли.
– На овој начин сакаме да влијаеме на родителите кои мораат да внимаваат особено во ноќните часови и да знаат каде се нивните деца бидејќи токму тогаш тие посегнуваат по алкохолот дрогата и прават прекршоци на јавниот ред и мир, рече Ненко Александров, инспектор во СВР Велес.
Полицијата најави проекти во кои има намера да ги вклучи младите луѓе и да влијае на нивната свест. Родителите, учесници во синоќешната патрола, открија дека се бават со професии кои се директно поврзани со воспитувањето и образованието на децата. Тие рекоа дека следеле како малолетниците се однесуваат едни кон други и кон повозрасните. На крајот констатираа дека освен родителската контрола особено внимание треба да се посвети на воспитувањето бидејќи здравото семејство се гради од мали нозе./Б.Н

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.