Во Детелинка на креативна работилница
Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес беа во посета на Дневниот центар „Детелина“ во Чашка. Тие вчерашниот ден го искористија за прошетка и за дружење со врсниците од соседната општина. Топлото време и сонцето им овозможи дел од денот да го поминат на тревникот пред објектот. Имаа време и за креативна работа.
– Целта на посетата беше рекреативна дружба, ликовна работилница и заеднички ручек со што ги заокруживме предвидените летни активности. Лицата со попречености беа придружувани од нивните родители, но не изасотануваше и поддршката од стручниот персонал со кој располага невладината организација: дефектолози, психолози, физиотерапефт и волонтери, рече претседателката на Здружението на лица болни од церебрална парализа Далиборка Златева.
Се додека временските услови овозможуваат членовите на ова здружение планираат вакви и слични прошетки и дружења. /Б.Н

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.