Несовесни возачи ги блокираат улиците во градот

Објавено: 6 септември, 2013, во 13:10 часот

Нема паркинг места во центар но и возачите умеат да претераат. Оваа слика потврдува дека целосно може да се злоупотреби просторот и да се блокира излезот од населбата Дворови на главната улица Страшо Пинџур во Велес. Во работниот дел од денот преполна со возила е плоштадката пред Народната кујна. Сликата не е поразлична ниту во вечерните часови.

– Возачите можеби незнаат дека на крајот од оваа плоштадка во правец кон Железниот мост има дополнителен простор за паркирање. Тоа треба да се означи со некоја табла. Но се ни се чини дека сите сакаат да паркираат што поблиску до железничкиот премин на гевгелиската пруга и побрзо да завршат работа во банките или судот, рекоа жителите од околните куќи.

Нив најмногу им смета гужвата што ја прават возилата. Дел од нив неможат да си влезат во домовите. Тие раскажуваат дека се почесто, недисциплинирани возачи им ги паркираат возилата до ѕидовите на куќите затворајќи им ги влезните врати или портите. Затоа бараат да се забрани паркирање на самата плоштадка и со табла возачите да се насочат кон малиот паркинг простор, под железничката линија на почетокот на Железен мост.

Освен овој простор постојано паркирани возила има и на тротоарите од двете страни на улицата Гоце Делчев, под зградата на судот. Пешаците наместо по тротоарот се симнуваат и се движат по коловозот на улицата./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.