УЈП затвори пет продавници во Велес
Со пломбирани врати седум дена се четири книжарници и една продавница за училишен прибор во градот. Ги затворија инспекторите на УЈП во контролата што беше реализирана минатиот петок. Сите се соочија со санкции забрана за работа во времетраење од 15 до 30 дена и изречени глоби.
По контролата беше издадено писмено соопштение во кое Управата информираше дека констатирала неправилности во работата на книжарниците и продавницата како што се неплатени даноци и нелојална конкуренција. Објектите биле исконтролирани во рамките на дводневната акција на УЈП, на почетокот на учебната година, кога инспекторите констатирале дека наместо зголемен промет вообичаен за овој период од годината трговците покажале помалку пари, не ги регистрирале готовинските плаќања и не издавале фискални сметки./Б.Н