Не за увозот на ГМО храна во Македонија
Да се забрани увоз на ГМО семиња и добиточна храна побараа пет еколошки здруженија од земјава. Освен ова тие бараат на секој производител на месни, млечни и земјоделски производи да си изврши анализи и на опаковката од производите да се истакне дали тие се контаминирани со ваков вид организми. Екологистите стравуваат дека државата не е подготвена на ова и мислат дека ќе завладее хаос во уозот и извозот на генетски модифицирана храна.
– Ние немаме ништо против некој ако сака да конзумира таква храна, но сме за тоа секој што ќе произведува загадена храна да напиште на пакувањето, за да не ни се случи најлоштото. Јас верувам дека многу луѓе на своите деца ќе изберат да не им дадат млеко отколку да им дадат да пијат загадено со ГМО организми. Верувам дека државата се уште нема контрола над храната загадена со ГМО што ќе се увезува во земјава, рече д-р Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.
Агенцијата за храна и ветеринарсто неодамна донесе правилник за увоз во земјава со кој од идниот месец широко се отвораат вратите за влез на генетски контаминирани семиња и добиточна храна. Денеска преку соопштение агенцијата тврди дека со правилникот се пропишани сите правила за увоз и нема потреба од паника, од формирање на сива зона и манипулации со продажба на гмо храна.
Екологистите пак се сомневаат дека нема опсаност некое контаминиано млеко или детска кашичка да заврши како храна за некое дете.
– Уште кога го донесоа правилникот уверуваа, но ние очекувавме да покажат некакви анализи кои ги извршиле за да не уверат во тврдењата дека се има контрола над она што влегува и излегува од земјава. Тоа до сега не се случи па од таму и нашите сомнежи. Навистина не ни е јасно кому му оди во прилог дозволата да се увезува ГМО храна за животни и загадени семиња“, рече д-р Коциќ.
Веќе пет општини во земјава се прогласени за ГМО слободни зони и во нив не е дозолено производство на таква храна. Екологистите сметаат дека со новата одлука се врши директен удар врз економијата и екологијата, но како најризнично го истакнуваат нарушувањето на здравјето на луѓето доколку се консумира ГМО храна./Б.Н.