Разбојник ограби сендвичара во Велес
Објавено на 9 ноември, 2013 во 11:11
Разбојник вчера влегол во сендвичарница во Велес и украл 10.000 денари.
Како што информираа од полицијата, разбојништвото се случило околу 21 часот, на улицата „Кресненско востание“ во сендвичарницата „Четворка“, во Велес.
Разбојникот со нож во раката и се заканувал на вработената во сендвичарата 29 годишната М.И дека ќе ја убие доколку не му ги даде парите. Таа исплашена му кажала на разбојникот дека парите биле во фиоката, тој ги собрал сите пари и побегнал од сендвичарата.