Младиот планинар удрил со глава на камен и починал
Дваесет и четири годишниот Атанас Лиасовски починал на лице место откако паднал од карпа висока дваесет метри и удрил со глава на камен . Тој вчера пешачел околу планинарскиот дом Чеплес со уште шест мина негови пријатели.
Кога се искачил на карпата се лизнал и паднал во провалија, во близина на изворите на Бабуна. Со хеликоптер единицата за специјални задачи го пребаруваше тешко достапниот терен. Го извлекле телото на починатиот планинар и веднаш го пренеле во итната медицинска помош во Скопје, но лекарите неможеле да сторат ништо, само ја констатирале смртта на младото момче.
„Лицето било во група со повеќе луѓе, планинари аматери и имале намера во текот на вчерашниот ден да пешачат и ноќта да ја поминат во планинарскиот дом“ , рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата денеска врши увид на местото на несреќата за да ги утврди причините , а телото по наредба на истражен судија е предадено на обдукција./Б.Н