Четириесет и три општини во земјава на тест за транспарнтност отчетност и корупција
Осум невладини организации ќе истражуваат колку македонските општини се отворени за граѓаните, каков е односот на вработените спрема странките и дали и колку има корупција при нивното работење. Еколошката Групација Грин Пауер е партнер во проектот и ќе ја следи работата на пет општини од Вардарскиот регион, Велес, Чашка, Градско, Лозово и Неготино. Целта на овој проект е да се сузбие корупцијата во локалните самоуправи.
„Корупцијата не е само давање и примање, туку таа е расипаност. Еден преставник на Европската Унија рече дефиниција за корупција нема, корупција е секој што ќе брцне и посегне во вашиот џеб,“ рече Игор Смилев од Грин Пауер.
Преку три алатки невладините организации ќе ја испитуваат работата на општините. Ќе ги контролираат нивните веб страници, ќе ја следат состојбата на терен преку директен контакт со вработените и нивниот однос кон граѓаните.
„Ќе ги мониторираме нивните веб портали, колку често се апдејтуваат, на кој начин се истакнати документите и информациите на страницата, дали се на видно место, колку граѓаните имаат слободен пристап до информациите, рече Весна Апасиева.
Истражувањата на невладините организации ќе трае една година, кога јавно ќе бидат објавени резултатите на ранг листа, почнувајќи од општините со најдобро владеење, до оние најзатворените. Проектот се спроведува по хрватскиот модел, во кој за период од две години одредени општини покажале значителен напредок.
„Најинтересен е примерот со општина Самобор, кога во 2009 на првото истразување беше на претпоследното место. За само две години на второр истражување се искачи на високот второ место по транспарентност, отчетност и добро владеење, рече Смилев.
Проектот „Лотос“ е финансиран од Европската унија. Покрај невладините организации, стратешки партнери се и министерството за локална самоуправа и државната комисија за спречување на корупција./Д.С
